По повод празникот „Свето Благовештение“, на 7 април 2012 година (сабота), во катедралниот храм „Света Софија“ со почесток во 9 часот, ќе се служи света архиерејска литургија.

Со богослужбата ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

OhridNews