ЈП „Билјанини Извори“ по повод големиот христијански празник Божиќ донесе одлука, утре, 7- ми јануари, користењето на услугите на јавниот градски простор да бидат бесплатни за сите нејзини корисници.

– Убедени сме дека граѓаните на Охрид и сите гости ќе ја поздрават оваа одлука која е донесена се со цел ЈП „Билјанини Извори“ да се приклучи во чествувањето на големиот празник, секако промовирајќи ги нејзините христијански вредности, велат од јавното претпријатие.

ЈП „Билјанини Извори“ воедно ги потсетува сите граѓани на Охрид дека на претпоследната седница на Советот беше донесена одлука јавното претпријатие да го преземи стопанисувањето на градските улици од поширокиот централен регион, така што на ден 08. 01 2014 година ( среда ) ЈП Билјанини Извори официјално ќе започне со стопанисувањето на улиците : „Димитар Влахов“, „Партизанска“, Новопроектирана улица ( пред Тутунска банка ), „Ванчо Николески“ и „Кеј Маршал Тито“ по нејзината цела должина.

– Улиците кои се преземаат ќе бидат дел од веќе воспоставената Зона Б и на нив ќе се наплаќа според постоечкиот утврден ценовник 20 денари за секој час што е за 30 денари понизок од утврдениот ценовник со кој стопанисуваше предходниот закупец на горенаведените улици, потенцираат од претпријатието.