Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, на Бадник и Божиќ  се очекува постудено време и врнежи од снег.

Според прогнозите, во петок, времето ќе биде облачно со пообилни врнежи од снег и дожд и засилен северен ветар.

Слично време се очекува и за време на Божиќ, кога ќе има повремени врнежи од снег. Минималните температури ќе достигнат неколку степени под нулата. Максималната дневна до 5- тиот степен.

OhridNews