Во периодот од 7 до 11 часот на територијата на СВР Охрид денеска е спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што се санкционирани 28 возачи.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
OhridNews











