Со единствена цел за чист и зелен Охрид, а во соработка со Oпштина Охрид, ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид денес одржа прв работен состанок со ЈУ Национален парк Галичица, еколошки друштва и други невладини организации.
Меѓусебната размена на практики и искуства е голема придобивка во мапирање на проблемите со кои секојдневно сме затекнати и ќе ни помогнат во детектирање на точките со диви депонии на територијата на Oпштина Охрид, како и пронаоѓање на начини за полесно справување со овие проблеми. Преку заедничка соработка и лична одговорност се надеваме дека ќе придонесеме во заштита на животната средина, зголемување на степенот на еколошка свест и едукација на населението и најмладите, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

OhridNews












