Одборот за подигнување на споменик на „ Св.Наум Охридски-Чудотворец“ информира е заврешена фазата изработка на гипсена копија и дека за десетина дена може да започне лиењето на монументот на светецот.

– Задоволни сме од досегашниот тек на изработката на споменикот и од односот на Академик Томе Серафимоски кој ги запазува роковите и брзо ги вградува забелешките. По оваа фаза на изведба во гипс,треба да се потпише договор со леарницата „Јеремиќ“ од Белград, по што споменикот ќе биде излеан во бронза и поготвен за поставување на локацијата  на просторот пред Рибниот ресторан– вели Јоне Станкоски , председател на Одборот за изградба на споменикот.

Спомен обележјето свечено ќе биде откриено на 4 јули, следната година на летното одбележување на денот на „Свети Наум Охридски- Чудотворец“ .

OhridNews