Гостите од Македонија и странските туристи кои во Охрид престојувале во периодот од 1- ви август до 30 септември со различни импресии од својот престој во градот.Во анкетните листови, подготвени од Секторот за туризам и локален економски развој, кои ги пополнале 68 странски гости и 104 домашни, впечатоците се разликуваат во неколку сегменти.
За најголем број од анкетираните гости од Македонија, меѓу кои најбројни биле оние од Скопје, Прилеп и Велес, локалното население воопшто не е гостопримливо, додека пак според 50% од анкетираните гости од Холандија, Полска, Албанија, Србија, Грција, Германија, Шкотска, Белгија, Шпанија, локалното население е пријатно и љубезно.
Впечатоците на домашните и странски гости се разликуваат и во однос на висината на цените во угостителските објекти и квалитетот на услугите. Од вкупниот број на испитаници меѓу гостите од Македонија 39.4% одговориле дека цените се многу високи, со ист процентуален износ е групата на испитаници кои одговориле дека “цените не одговараат со квалитетот на услугите”, додека 21.2 проценти одговориле дека цените се нормални со квалитетот на услугите.
Додека пак половина од анкетираните странски туристи сметаат дека цените се нормални, 29,4% дека цените се високи и 20,6% дека цените не одговараат со квалитетот на услугите.
Во однос на дневната потрошувачка во градот, поголемиот број странски гости трошат од 10 до 30 евра, додека пак домашните гости до 10 евра.
Она во што се согласуваат и едните и другите е дека патиштата се лоши и дека нема доволно паркинг места во градот.
Т.К.