Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемува за два денари, додека на останатите енергенси остануваат непроменети, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Со оваа Одлука ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 77,5 денари за литар.
Непроменети остануваат цените на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ, Екстра лесното масло за домаќинство и на Мазутот.
OhridNews