Доколку временските прилики бидат погодни, охридската локална самоуправа за дваесетина дена ќе го спроведе второто запрашување против комарци.
-Првото запрашување против комарци кое беше извршено деновиве беше успешно, а за денот на изведувањето на второто авионско запрашување пчеларите и граѓаните , навремено ќе бидат информирани, велат од Општина Охрид.
Оттаму информираат дека средството со кое ќе се изврши запрашувањето не е штетно за луѓето и животните, односно водат и почвата.











