Во присуство на деловни партнери, гости и пријатели, специјализираниот веб портал за групно купување на интернет со неверојатни попусти „kelepur.mk“, синоќа во хотелот „Гарден“ во Охрид, го прослави првиот роденден.

За една година „kelepur.mk“ продаде над 6700 вредносни купони со големи попусти на разновидни производи и услуги и до 90%, а вкупната заштеда која со купувањето на „kelepur.mk“, ја направија регистрираните купувачи изнесува над 2,2 милиони денари.

Како што истакнуваат од „kelepur.mk“, продажбата на услуги и производи со попуст во Охрид, Струга и Битола, бележи постојан раст. Најголем интерес има за козметичките производи и услугугите за разубавување, а најмногу се продаваат прехрамбените производи.

-Рекламирањето на традиционалните медиуми, телевизијата и радиото во светот се повеќе ги заменува рекламата на интернет. Секој седми жител на планетата има профил на Facebook, а купувањето онлајн бележи исклучителен раст. Таквиот тренд ќе расте и натаму, велат од  „kelepur.mk“.

Од  „kelepur.mk“ најавуваат дека во иднина ќе го зголемат асортиманот на услуги и производи кои ќе се нудат на продажба онлајн, за што купувачите ќе бидат информирани преку дневниот билтен што секојдневно порталот го испраќа до над 6000 регистрирани корисници, како и преку рекламните кампањи на интернет и социјалните мрежи.

OhridNews
фото: Кирил Јорданоски