Влажниот и студен бран кој изминатата недела донесе обилни врнежи, значително влчијаеше и на температурата на водата во Охридското Езеро.

Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, температурата на водата во езерото изнесува 21 степен Целзиусов, што е пад од 4 степени во однос на минатиот понеделник.

Според најавите, наредните денови не очекува сончево и стабилно време, што ќе придонесе за пораст на температурите на воздухот и водата во Охридското Езеро.

OhridNews