Активностите што се преземаат за  интегрално управување на сливот и проширувањето на статусот на заштита под УНЕСКО и на албанска страна се темите што ќе бидат отворени денеска во Поградец, република Албанија, на Четвртиот состанок на билатералниот комитет за Охридското Езеро.

“Овој состанок  доаѓа во еден од клучните моменти за развојот на процесот на заштита на Охридското Езеро. Од тие причини ќе ги отвориме прашањата поврзани со изградбата на пречистителна станица на албанска страна, што е еден  од најважните моменти, но и карактерот на измената за законската регулатива во рибарство и можностите за заедничко делување” изјави државниот секретар во македонското министерство за животна средина, Дејан Пановски. Пановски додаде дека  ќе се разговара и за можноста за редефинирање на некои закони и спогодби кои, реално,  веќе претставуваат  пречка во процесот на заштитата на езерото.

За ова ќе дискутираат министрите за животна средина на Македонија и Албанија, претставници од неколку други министерства, градоначаници и невладини организации. Во Поградец ќе се разгледува и можноста, езерото да го добие статусот на биосферен резерват.

А. Ристоска