
Од Сојузот на синдикати на Македонија очекуваат на работниците кои работеле најмалку шест месеци кај ист работодавец да им бидат исплатени средства во висина од најмалку 40 проценти од основицата. Во Спогодбата за измени на Општиот колективен договор (ОКД) што го потпишаа Сојузот на синдикати на Македонија и Организацијата на работодавци се дава можност да се исплати регрес на годишен одмор и во поголем износ доколку можностите на компанијата го дозволуваат тоа, а во оние фирми кај кои настанале потешкотиии во работењето по задолжителна претходна консултација со синдикатот, може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден со ОКД.
OhridNews











