Како што беше кажано на денес одржаниот работен состанок на оперативниот штаб на МВР, за локалните избори ќе бидат ангажирани максимален број на полицајци кои, како што речле министерката Гордана Јанкуловска,  ќе обезбедат одвивање на слободни, фер и демократски избори.

Оперативниот штаб е формиран по примерот на оперативните штабови од претхоните изборни процеси и освен централниот оперативен штаб на ниво на министерство за внатрешни работи формирани се и осум дополнителни оперативни штабови на ниво на сектори за внатрешни работи.

Ќе работи врз основа на акционен план којшто се однесува на активностите што треба да се случуваат до самиот ден на избори, односно до затворање на избирачките места и транспортирање на изборниот материјал до изборните комисии.

Точната бројка на полицајци се уште не е дефинирана, но според Јанкулоска, речиси сите полициски службеници се вклучени во изборниот процес.

OhridNews