Охридската локална самоуправа за три години  планира да потроши околу 880 илјади евра односно  54 милиони  денари, за изградба на водоводна мрежа во градското подрачје и во дел од  руралните средини, кои припаѓаат под надлежност на Општина Охрид .

Според Програмата за изградба на системи за водоснабдување, која треба да се реализираа од 2010 до 2012 најголем дел  средствата односно вкупно 6 милиони денари ќе се издвојат за рализација на првата фаза од водоснабдувањето  на Горно Лакочереј. Околу  5 милиони денари се планирани за изградба на водоводен систем во селото Лескоец, а 4,5 милиони денари за водоводната линија по улицата.„Јане Сандански“.  За изградба на  улична водоводна линија по ул. „Абас Емин“ ќе се потрошат 4 милиони денари.

По 2,5  милиони денари односно вкупно 7,5  милиони, ќе се потрошат за поставување на водоводна мрежа во селото Љубаништа, на улицата .„Прва Македонска Бригада и во   населбата  Рача. Вкупно 8,2  милиони денари се наменети за изградба на улична водоводна линија на дел од улицата .„Партизанска“, дел од булеварот Туристичка, во осмата урбана заедница и на улицата .„Димитар Влахов“.

За Изградба на водоводна линија по улица ,,Будва”, во населбата Бејбунар  и на улиците .„Бистрица  и „Кленоец“ ќе се потрошат околу  6 милиони денари. Со вкупно 3,2 милиони денари планирана е  изградба на водоводна линија во населбата Елешец и доизградба на  водоводните инсталации во селото Трпејца и во селото Велгошти.

Од секторот за комунални дејности при Општина Охрид, кои ја изготвија Програмата за водоснабдување, објаснуваат веќе се започнати одделни активности за реализирање на истата. Тие нагласуваат дека за рализација на предвидените зафати во водоводната мрежа за  оваа година  предвидени Средства во износ од 25 милиони денари.

Е.Е.