Првиот човек на средното училиште Св. ” Климент Охридски”, Наум Рилкоски, за OhridNews изјави дека процедурата е во тек.
– Веднаш по инцидентот беше формирана комисија која го испитува случајот, на разговор беа повикани учениците и нивните родители. Ги очекуваме податоците од СВР, по што ќе следи свикување на наставнички совет на кој ќе ја донесеме конечната одлука какви санкции ќе превземеме против овие ученици, рече Рилкоски.
Од СВР- Охрид информираат дека во тек е постапката за расветлување на случајот и дека врз основ на извршените разговори со родителите и учениците и направените анализи се подготвуваат податоците кои во текот на оваа недела ќе бидат испратени до гимназијата.
Од страна на обезбедувањето на хотелот во кој биле сместени, шесте ученици од охридската Гимназија беа откриени како користат опојна дрога- марихуана за време на научно наставната екскурзија во Прага – Чешка.