За кого се игра фудбалот во Македонија !? Ова е најпоставувано прашање во фудбалските кулоари веќе неколку години. Стадионите ширум Македонија речиси се секогаш празни независно во која лига се натпреварува домашната екипа, што воопшто не е за пофалување.

Место фудбалските клубови во Македонија да ги повикуваат своите навивачи и да играат пред преполни стадиони, тие напротив го “убиваат“ фудбалот, кој во “нормалниот“ свет се игра за публиката.

В сабота во рамките 25-та рунда во Првата македонска фудбалска лига се игра “вечното“ дерби меѓу Вардар и Пелистер. Ова е последно дерби за сезонава, двете екипи досега се одиграа четири средби, две во првенствоти и двапати во Купот, а само еднаш во шампионатот блесна во сиот свој сјај.

Кога Фудбалската федерација на Македонија и Министерството за внатрешни работи дозволи присуство на гостински навивачи во случајов “чкемабрите“, од Вардар им пратија писмо како тие неможат да ги примат и дека ако дојдат нема да ги пуштат да влезат.

За играчите во супер дербито да дадат максимум треба да играат пред преполн стадион, фантастична атмосфера, а не пред празни трибини и атмосфера која ќе наликува како во театар.

Михаил Постоловски