За легализација на дивоградбите во националните паркови или заштитени градски зони, како што е случај со Охрид, покрај геодетски елаборат, копија од лична карта и потврда дека објектот е поврзан на инфраструктура, ќе биде потребно и позитивно мислење на институција задолжена за заштита на конкретното подрачје.

Законот за легализација на дивоградбите ќе почне да се применува од 4-ти март. Сопствениците на дивоградби ќе имаат рок од 6 месеци да ги поднесат потребните документи за легализација до општините, според кои законот нуди добра основа да се реши овој децениски проблем.


Се проценува дека во Македонија има над 300 000 дивоградби, а општините очекуваат во период од една до две години да се легализираат најголемиот дел од нив. Голем број дивоградби има во руралните средини каде населението не е доволно информирано за законот за легализација, поради што ќе биде спроведена медиумска кампања, а граѓаните информации за овој, како и за новиот закон за градба кој исто така деновиве ќе стапи на сила, ќе можат да добијат и на специјализирани веб страници кои се изготвуваат.

За постапката за легализација на дивоградбите, условите и динамиката на спроведување на законот, во најновото издание на емисијата „Охридски разговори“ за “OhridNews tv“ говорат министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, потпретседателот на ЗЕЛС, Иџет Меџити и раководителот на општинскиот инспекторат во Охрид, Танас Танасоски.


Надлежните за OhridNews објаснуваат како до легализација на дивоградбите

OhridNews