По јавното спротиставување на аргументите и дебатата во Советот, околу предлогот на ВМРО ДПМНЕ за ослободување на државата од плаѓање комуналииза изградба на комплексот на Плаошник, со реакција се јави локалната самоуправа, според која иницијативата ја оцени како крајно лицемерна.

 – Крајно несериозно и лицемерно е ОК на ВМРО- ДПМНЕ од Градоначалникот Александар Петрески да бара да ги крши законите и да го ослободи Министерството за култура од обврската да ги плати комуналните давачки за изградба на административните објекти во рамките на проектот „Плаошник 2014“. Уште полицемерно е ако се знае дека актуелната власт на чело со ВМРО- ДПМНЕ масовно апси за неплаќање даноци ,а преку сопартијците во Охрид бара, градоначалникот да им ги прости законските давачки.- се вели во соопштението на локалната самноуправа.

OhridNews