Атрактивно земјиште на охридското крајбрежје ќе се продава за едно евро по метар квадратен доколку се изгласа законот за индустриски зелени зони, предупреди пратеникот Ивон Величковски, пренесува „Телма“. Тој ги повика пратениците да го спречат поигрувањето со охридското крајбрежје и како што рече, околчувањето на идните штетни проекти. Смета дека, зад зоните за кои законодавецот тврди дека ќе се користат за алтернативни извори на енергија и производство на органски продукти, се крие нешто сосема друго.
-Сето ова се прави за да може новопечениот антички Македонец од индиско потекло,Субрата Желби Рој,да го купи земјиштето по едно евро з аметар квадратен, тврди Величковски. Тој смета дека оваа замисла е трасирана со Законот за експропријација,предложен по итна постапка токму од пратеникот од Охрид, Александар Николовски.Тој,пак, ја негираше поврзаноста меѓу двата закона, но не и можноста, крајбрежјето да биде претворено во индустриска зелена зона.
-На Охриѓани им е преку глава од леење крокодилски солзи кога треба нешто да се направи за градот. Туризмот е во голема криза и ние треба да ги молиме инвеститорите да доаѓаат во што поголем број, вели Николовски.
Министерот за економија,во образложението на законот рече дека идејата е да се привлечат домашни и странски инвестиции и да се отворат нови работни места.
– Општините ќе треба да основаат јавно претпријатие кое ќе управува со зоната и ќе има обврска да ги реши сите инфраструктурни проблеми и да им даде готова индустриска зона на странските инвеститори. Ним им се дава можност и преку сопствени подзаконски акти и правилници,да им даваат поволности на инвеститорите,со што ќе се поттикне и конкуренцијата,рече Сарачини. Мнозинството го одобри законот на понатамошно читање.
извор:„Телма“