По повод големиот православен празник „Рождество на Пресвета Богородица“ – „Мала Богородица“, бродовите Александрија 1 и 2 во вторник, 20 септември, вечерта ќе пловат до манастирот во Калишта по симболична цена од 200 денари во двата правци (повратна карта).
Картите, во ограничен број, ќе се продаваат на градското пристаниште денеска (понеделник) и утре (вторник).

Поаѓањето за Калишта е од градското пристаниште во Охрид во вторник во 19:30 часот, а терминот на враќање на патниците ќе им биде соопштен во текот на пловидбата.
OhridNews











