За најдобриот стрелец и играч од минатата сезона Лионел Меси немаше место во идеалниот тим од Ла Лига за сезонава.

Во најдобрите единаесет се наоѓаат дури седум фудбалери од новиот шампион Атлетико Мадрид.

По еден фудбалер имаат Реал Мадрид и Севилја додека двајца има тимот на Атлетик Билбао.

Идеалниот тим : Куртоа (Атлетико Мадрид, Хуанфран (Атлетико Мадрид), Лапорте (Атлетик Билбао), Диего Годин (Атлетико Мадрид), Филипе Луис (Атлетико Мадрид), Итураспе (Атлетик Билбао), Габи (Атлетико Мадрид), Коке (Атлетико Мадрид), Ракитиќ (Севилја), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид), Диего Коста (Атлетико Мадрид).

Мх.П.