Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, цената на пченицата е реална и не треба да биде причина за поскапување на лебот.

– Ако станува збор за висината на цената на пченицата, млинско-пекарскиот сектор нема доволно аргументи за поскапување на лебот во малопродажбата. Ако, пак, се имаат предвид други импути во производството на пецивата, тоа не би го дискутрал, изјави министерот Димовски.

Тој додава дека во овој момент Македонија располага со доволни количини жито и дека од годинашната реколта се откупени околу 150.000 тони.

Од ова министерство уште днаш потенцираат дека поскапувањето на прехранбените производи е глобален тренд и дека ќе се преземат сите мерки со цел да им се излезе во пресрет на потрошувачите во однос на амортизирање на идното зголемување на цените.

Деновиве, од мелничко- пекарското здружение во Охрид најавија дека можно е поскапување на лебот и до 30%, но дека за тоа ќе се одлучува на состанок на членовите на здружението, што се очекува да се одржи за десеттина дена.

OhridNews