Kако дел од програмата на Општина Охрид „Културата расте со децата“ вечерва со почеток во 19:30 часот, на сцената „ТЦ Амам“ ќе биде изведена детската театарска претстава „Пинокио“ во изведба на Балада продукција.

Не ја пропуштајте оваа волшебна театарска претстава што ќе ги воодушеви и децата и возрасните!, порачуваат организаторите.

Во рамки на програмата на 20 јуни со почеток во 18:00 часот на сцената кај ТЦ Амам ќе биде изведена детска театарска претстава „Во царството на другарството“ во изведба на театар Хит Комедија, а јунската програма завршува со детскиот музички фестивал „Поточиња“ на 27-ми со почеток во 19.30 часот на сцената Долни Сарај.

OhridNews