Локалната самоуправа во периодот од април 2013 до декември 2014 од општинскиот буџет издвоила и исплатила 2.245.771 денари по основ на опожарени објекти.

– Со овој проект им  помогнавме на   семејствата чии домови,  односно влезови во станбени згради  во изминативе неколку години беа опожарени. Претходната локална власт за жал не ги исплатила овие средства иако за тоа била обврзана со одлука на Совет. Ние се потрудивме тие средства да бидат исплатени и доставени до лицата кои навистина имале потреба од нив,  информира градоначалникот Никола Бакрачески.

Тој додаде дека локалната самоуправа презема низа мерки за помош на ранливите категории граѓани. Меѓу нив, се предвидените средства за доделување пакети со храна  и дрва  за огрев  на социјално загрозените семејства, субвенционирањето на одредени комунални трошоци за оваа категорија граѓани, стипендирање на талентирани ученици и студенти ,како и бесплатните курсеви по јазици и информатика.Бакрачески потенцира дека и наредната година општина Охрид  ќе води сериозна социјална политика за помош на социјално ранливите категории  луѓе.

OhridNews