Поради големиот интерес кај публиката, утре, со почеток во 12 часот, во Центарот за култура ќе се изведе балетската детска претстава „Волкот и седумте јариња“. Во претставата учествуваат околу 40 деца- членови во Балетското студио за класичен и модерен балет „Визави“, на возраст од 4 до 15 години.
За кореографијата на оваа претстава е задолжена Јулија Милески,раководител на „Визави“, а костимите ги подготви Мирослав Рувиноски. За сценографијата на претставата е задолжен Љупчо Сидороски, за музиката Јовица Караклиевски, а за осветлувањето на сцената Зоран Левески.
Претставата премиерно се прикажуваше пред Новогодишните празници, по што беше изведена и во неколку училишта во градот.
„Волкот и седумте јариња“ е проект на Центарот за култура и е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.
OhridNews












