Од утре, 24-ти до 27-ти септември, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се прикажува анимираниот филм “Кралот на Пингвините” наменет за најмладите.
Приказната го следи патувањето на Кралот на пингвините назад кон родното место, Градот на Пингвините, едно од најнаселените и најбараните места за живеење во западната хемисфера. Кралот на пингвините мора да го пронајде својот животен сопатник и да се избори за своето место под сонцето.
Почеток на проекциите во 20 часот, влез 100 денари.
OhridNews