Богатството на супербогатиот ко-основач на Фејсбук Марк Закерберг се стопи за повеќе од шест милијарди долари за неколку часа по падот на цената на акциите на компанијата како резултат на критиките за нејзината политика, во комбинација со глобалниот колапс на пристапот до услугите.

Социјалната мрежа е обвинета дека го става профитот пред безбедноста, откако внатрешна истрага откри дека нејзината платформа Инстаграм негативно влијаела на тинејџерките. Додадено на ова беше големиот прекин синоќа на пристапот до четири негови мрежи – Фејсбук, Инстаграм, Ватсап и Месинџер, кои обично ги посетуваат околу 3,5 милијарди луѓе ширум светот месечно. Како резултат на падот на акциите, 37-годишниот Марк Закерберг загуби повеќе од шест милијарди долари за само неколку часа, што го намали неговото богатство на 121,6 милијарди, јави Блумберг. Неговите загуби од средината на септември до денес изнесуваат 15 милијарди долари.
OhridNews











