Согласно денес усвоените измени и дополнувања на законот за работни односи, кои по скратена постапка беа усвоени од страна на собранието, се предвидува да не постои бланко потпишана изјава за отказ.  Суштинскиот дел од текстот ќе  биде унифициран и изработен, но долниот дел каде што се потпишува работникот и работодавачот ќе остане целосно празен, каде што работодавачот и работникот ќе имаат обврска комплетно своерачно да го напишат името, презимето, датумот и местото на престанок на работниот однос.

Со измените и дополнувањата се воведуваат  и мандатни казни за непријавени работници. Ќе се воведат мандатни казни доколку се затекнат до две непријавени лица. Притоа, работодавачот ќе треба да плати по 1.000 евра за секое од двете непријавени лица и обврска да ги пријави во рок од осум дена и да ги плати казните. Доколку тоа не го направи објектот каде се извршуваат работните задачи ќе биде затворен. Доколку се најдат три или повеќе непријавени работници мандатни казни ќе нема, туку објектот веднаш ќе биде затворен. Во услови кога објектот ќе биде затворен работодавачот нема да смее да отпушти ниту еден вработен, туку ќе треба да им исплаќа плати во висина од 70 проценти од последната исплатена плата.

OhridNews