Во Охрид за Нова година се бара кревет повеќе. Хотелските капацитети речиси целосно се исполнети, а голем број резервации се потврдени и во приватното сместување.

Како што веќе објави Ohridnews, најбројни и оваа Нова година ќе бидат гостите од сoседна Србија, а се очекуваат туристи и од Албанија и Бугарија.

Тридневен аранжман – полупансион со свечена вечера за дочекот на Нова година во Охрид се движи меѓу 200 и 250 евра. Кревет во приватното сместување чини од 300 денари па нагоре, додека цената на апартманите се движи помеѓу 20 и 50 евра по ноќ. Цената за дочекот на Нова година во охридските хотели и ресторани се движи од 2.000 до 3.000 денари. Во кафулињата клубовите и дискотеките цената за дочекот на Нова година се движи од 1000 до 3000 денари.

Во градот веќе се подготвува новогодишниот амбиент. Во тек е украсувањето на улиците и плоштадите, а се дефинира и програмата за дочекот на Нова година на градскиот плоштад. Како што веќе објавивме општината ги разгледува понудите на Елена Ристевска, Ламбе Алабакоски, Ева, „Камелеон“ и други.

Ohridnews