Според прогнозата на синоптичарите, и во наредните денови ќе продолжи сончевото време. Краткотрајни врнежи од дожд можни се само во текот на утрешниот ден. До четврток дневната температура ќе биде од 2 до 7, а минималната од -5 до -3.
Во петок и за време на викендот, времето во Охрид ќе биде претежно сончево, но ќе дојде до опаѓање на температурите. Максималната ќе биде од 0 до 4 степени, а минималната од -8 до -5.
Врнежи од дожд и снег се очекуваат кон средината на идната седмица.
OhridNews