– Одговорно тврдам дека по овој предмет постапуваме согласно законот и не штитиме ничии интереси, освен на општина Охрид. Случајот Ив- Ире го разгледавме, утврдивме дека не постои основ за легализација и пред десет дена донесовме негативен одговор по барањето за легализација, при што беше наведено дека во рок од 15 дена објектот треба да се руши. Се работи за два објекти- за едниот има основ дел да се легализира, другиот објект кој е на црковно место, за него одлука има дека не може да се легализира. За него е поднесена и кривична пријава за инвеститорот и е донесено решение за рушење. Во тек е жалбената постапка и доколку во предвидениот рок сопственикот не ги урне дивоградбите, тоа ќе го направи општинската градежна инспекција, на сметка на фирмата Ив- Ире, рече Петрески.
За одземањето на ингеренциите од локалната самоуправа за случајот „Ив- Ире“ од страна на министерството за транспорт и врски, градоначалникот најави дека ќе се жали и до министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС.
Петрески нагласи дека сите поднесени барања за легализација на дивоизградените објекти во општина Охрид еднакво се третираат. Досега поднесени биле 11.000 барања, од кои над сто за објекти кои се наоѓаат во селото Трпејца.