Александар Петрески, човекот кој за 8 години не остави ниту едно дело во Охрид ,пред заминувањето од функцијата градоначалник се обидува да ги критикува оние кои создале историски дел за Охрид. Зборува за некаков банкрот, а тој самиот е човекот кој го уништи Охрид, испразна 8 буџети на општината во износ од  околу 70 милиони евра и го задолжи Охрид за дополнителни 30 милиони евра. Петрески Александар зборува за наводни вработувања, а администрацијата во Општината нема земено плата. Петрески сам признава дека само 1/3 од луѓето отишле доброволно на митинг потврдувајќи дека останатите 2/3 со закани, терор  и малтретирање ги носат по митинзи, се наведува во реакцијата од коалицијата За подобра Македонија во врска со изнесеното на денешниата прес конференција на кандидатот за градоначалник од Сојузот за иднината, Александар Петрески.

Од коалицијата За подобра Македонија со порака до граѓаните дека работењето на Петрески Александар и раководителите во општината и јавните претпријатија ќе биде предмет на ревизија и дека ќе одговараат за секоја злоупотреба.