Владата на ВМРО ДПМНЕ  инвестираше. За секоја  инвестиција треба време. Реконструкцијата на болницата започна и заврши и Охрид сега има најмодерни одделенија и  болница во регионот. И ќе изградиме уште многу дела за Охрид. Вие ништо ниту започнавте , ниту завршивте. Вие немате идеја , освен нормално идеите за корупција ,создавање долгови, станови и богати лични  сметки. Тука е разликата и сите ја знаат, се наведува во реакцијата од коалцијата За подобра Македонија која следува по реакцијата на Сојузот за иднината по најавата на Бакрачески за изградба на катна гаража .
Од За подобра Македонија реагираат и на денес изнесеното од Сојузот за иднината околу содржаните проекти во изборната програма поврзани со Локалниот екомомски развој.

Тоа се истите тие  кои 8 години го водеа Локалниот економски дел за Охрид и кои ништо не успееа да направат, а денес без трунка срам зборуваат за економски развој . Од нив видовме  8 годишно уништување на Охрид  за кое се сите свесни. Господине Петрески , каков е тоа економски развој во овие 8 години без ниту едно капитално дело за подобрување на состојбите , без ниту една инвестиција освен бумерангот и со организација на градот од најниско ниво. Господине Стојаноски , штом веќе зборувате за локалниот економски развој каде бевте 8 години да реагирате. Дали со молчењето и вие можеби сте креатор на славните туристички настани и понуди  како  ѓомлезијада и сточарски фарми? Дали  8 години молчење во удобните фотељи  си го сметате за предност? Дали во организирањето на испитите некогаш на студентите сте им поставиле прашање како се организира локален економски тим и  туризам? Дали вие ја пишувавте Зоки Поки програмата?, се наведува во реакцијата.

OhridNews