Целта на акцијата што ќе се одржи на 29.05.2010 г. (сабота) со почеток во 11:00 ч. е промовирање на спортскиот дух меѓу младите преку нивно учество во различни спортско-рекреативни содржини, како и подигање на свеста кај оваа популација за солидарност, хуманост и пружање на потребната помош на оние кои се соочуваат со социјални или здравствени потешкотии.
Средствата собрани од оваа акција со продажба на учесничките броеви и со обезбедување на прилози од спонзори и донатори, наменети се за набавка на креветчиња за Детското одделение при Општата болница Охрид.
Секој кој ќе купи учеснички број за акцијата, кој чини 30 ден., може да се натпреварува во повеќе дисциплини: шах, пикадо, бадминтон, хокеј на трева, баскет, не лути се човеку и многу други спортски и културно-забавни содржини. Секој купен учеснички број учествува во големата наградна игра со преку 100 вредни награди (седум дневно зимување на Копаоник, викенд во х. Бистра-Маврово, телевизор, ДВД плеер, компјутерска галантерија), кои ќе бидат јавно извлекувани на една од локалните телевизиии во втората половина на месец јуни.
Паралелно со оваа акција на истиот простор со почеток во 10:00 ч. ќе се одржи традиционалниот XXXIX Општински натпревар по прва помош. На натпреварот стекнатите вештини и техники во укажување на прва помош ќе ги презентираат преку 150 млади од основните и средните училишта од Охрид и Дебрца, организирани во 20 екипи во категории подмладок и младина.