– Набавени се околу 2300 вакцини, но доколку има поголем интерес од граѓаните ќе се набават дополнителни количини вакцини, информира директорот на Центарот за јавно здравје, Атанаско Михаилов.
Вакцинацијата против грип ќе чини 400 денари.
Од Секторот за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство, потенцираат дека вакцината е проверена од страна на Бирото за лекови, како и од меѓународните агенции задолжени за проверка и квалитет на лекови. Дел од вакцините се производство на Авентис Пастер од Франција, а дел од нив се производство на Глаксо Смит Клајн испостава во Германија.
Се препорачува населението навреме да се вакцинира бидејќи се потребни две недели минимум за создавање имунитет и отпорност на организмот. Вакцината против грип, се препорачува за ризичните групи граѓани- постарите лица со хронични заболувања, помалите лица со намален имунитет и хронични заболувања, како и за лицата кои во текот на својата работа се изложени на заразување како здравствените работници и други струки – полиција, теренски работници, пошта, комуникации итн.