Ако по утрото денот се познава, претстојната главна туристичка сезона во Охрид, ќе биде повеќе од добра. Одлична најава е продолжениот велигденски викенд кој го исполни градот. Сместувачките капацитети се повеќе од солидно исполнети, а во угостителските објекти се бара маса повеќе. Раздвижено е и во чаршијата, на шеталиштата покрај езерото, во стариот дел на градот и oколу познатите знаменитости во градот.

Туристичките работници се задоволни од најавите за претстојната сезона, кои доколку се остварат, ќе биде исклучително успешна.

OhridNews