По повод верскиот празник Св.Наум Охридски – Чудотворец, во четврток, 5-ти јануари, бродовите Александрија 1 и 2 ќе пловат до манастирот „Св.Наум“ по симболична цена од 100 денари.

Бродовите за Св. Наум ќе тргнат од Охридското пристаниште во 8 часот, а во Пештани во 8.30. Карти може да се набават исклучиво на градското пристаниште и тоа само  на 3-ти јануари, вторник и на 4-ти јануари, среда во периодот од 10 -14 часот. 

Терминот на враќање од Св. Наум на патниците ќе им биде соопштен за време на пловидбата кон манастирот.

OhridNews