Во рамки на одбележувањата на патрониот празник на училиштето, денес, во основното училиште „Григор Прличев“ за прв пат се одржа отворен час по сите наставни предмети.

Како што информира директорката на училиштето, Силвија Мојсоска, идејата е на отворениот час да присуствуваат и родителите со цел да се запознаат со наставните содржини и помагала кои се користат на часовите.

Предвидено е  отворениот  час да премине во традиција и да се оддржува секоја наредна година , во рамки на празнувањата по повод Патронатот на училиштето.

OhridNews