По повод големиот православен празник Божиќ, раѓањето на Господ Исус Христос, Македонската православна црква за прв пат, на 6-ти јануари, во Охрид организира Литија за „Бадниково навестување за раѓањето на Христос“.
Литијата во која ќе учествуваат од 120 до 150 дечиња ќе започне во 9 часот пред храмот „Св.Георгиј“ и ќе продолжи по улицата „Јане Сандански“, каде сообраќајот ќе биде запрен. Потоа движејќи се кон брегот на Охридското Езеро и низ кејот, литијата ќе се упати кон самиот плоштад, каде децата ќе бидат пречекани од градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, кој заедно со група верници ќе им дарува подароци.
Како што е предвидено, литијата ќе помине и низ охридската чаршија се до храмот „Успение на пресвета Богородица-Каменско“, каде ќе се одржи заедничка молитва.
OhridNews