Како најава за одбележување на Денот на безбедност на планина, 15 јануари, а во рамките на своите вежбовни активности, дел од членовите на Единицата за спасување на планина и непристапни терени на Црвен крст Охрид, извршија искачување на западната страна на Галичица, односно врвот Магаро.


Овој дел, поточно кулоарот “Првенец”, кој со своите технички карактеристики од 1750 мнв до 2150 мнв има просечна вертикална експонираност од околу 70 степени и должина од 800 м., за прв пат, воопшто некој го искачил во зимски услови.


Со тоа се надминаа досегашните дилеми за проодноста на овој терен и се отворија идеи за идни покомплексни искачувања во овој прекрасен регион, велат од општинскиот Црвен крст.

OhridNews