Оние кои ќе се одлучат за пикник со скара на отворен простор за првомајските празници да внимаваат која локација ќе ја одберат.

Од  ЈУНП „Галичица“ предупредуваат дека од утре па до крајот на викендот ќе се вршат засилени контроли во рамки на националниот парк и ќе се казнуваат сите оние кои палат оган на отворен простор надвор од излетничките места Корита и Једера. Казните за палење оган на места на кои тоа не е дозволено се 200 евра.

Ќе се казнуваат и граѓаните кои не водат грижа за отпадот и кои нема да го фрлат на соодветно место- во поставените корпи во излетничките места или во најблиските контејнери. Казните за овој вид прекршок се 50 евра.

Т.К.