Пациент на возраст од 54 години со терминална срцева слабост денеска беше успешно опериран на Универзитетска клиника за државна кардиохирургија.

Тимот на врвни кардио хирурзи предводен од спец. д-р Петар Ристески кој дојде од Универзитетската Клиника во Франкфурт, проф. д-р Сашко Јовев, д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Марјан Шокаровски и останатите членови на кардиохируршкиот тим имплантираа механичко срце, информира Министерството за здравство.

Операцијата помина во најдобар ред. ПремиеротЗоран Заев и министерот Венко Филипче го посетија пациентот, тој се чувствува добро. Веруваме дека уредот кој беше имплантиран, т.н. механичко срце ќе му даде одлични резултати на пациентот и долг живот, соопшти Министерството за здравство.

OhridNews