Во Струга за првпат е отворена професионална канцеларија за психотерапија и психолошко советување, предводена од Арта Пошка Ќоку, психолог со повеќе од 20 години професионално искуство во областа на менталното здравје.

Како прва дипломирана психотерапевтка во Струга, Арта Пошка Ќоку ќе нуди стручни и доверливи услуги за граѓани од сите возрасни категории. Услугите опфаќаат индивидуална психотерапија, психолошко советување, како и поддршка за деца, адолесценти и возрасни лица.

Според информациите, терапевтските сесии ќе се одвиваат во безбедна, професионална и доверлива средина, а услугите ќе бидат достапни на албански, македонски и турски јазик.

Центарот има за цел да придонесе кон подобрување на емоционалната благосостојба и менталното здравје на граѓаните, преку индивидуални средби со физичко присуство, но и преку онлајн сесии.

Канцеларијата на Арта Пошка Ќоку се наоѓа на улицата „Ристо Крле“ во Струга, во непосредна близина на Том Гор.

За повеќе информации и закажување термин, заинтересираните можат да се обратат во ординацијата или на следниот ЛИНК.

OhridNews I PR
Фото илустрација: Magnific