Во наредната 2010 година Охрид ќе добие 13 современи автобуски постројки, 40 клупи за седење, 300 корпи за отпадоци, 20 жардињери за цвеќе и нови пепелници. Ова е предвидено со  Програмата за поставување на урбана опрема која на единаесеттата седница, ја усвои Советот на Општина Охрид. Според неа, со цел да се подобрат условите за урбано живеење во градот, локалната самоуправа, ќе издвои околу 37.000 евра.

За автобуските постројки ќе се потрошат околу 11.000 евра, а за новата урбана опрема околу 20.000 евра. Останатите пари кои се предвидени за разубавување на јавните површини, Општината ќе ги вложи за одржување и поправки на веќе постоечката урбана опрема.

Е.Е.