Во анкетата што ја спроведе OhridNews, 54 отсто од читателите се изјаснија дека државата треба да се грижи за Охридското Езеро и рибниот фонд, 39 проценти се на мислење дека тоа треба да го прави општината, а најмалку, или 7 отсто, концесионер.
Во анкетата беа вклучени 2284 читатели.
Научниците од Хидробиолошкиот институт укажуваат дека бројноста на рибниот фонд, пред се на ендемските видови белвица и пастрмка е во опаѓање, за што според нив најголема вина има човекот, кој и покрај забраната продолжува незаконски и неселективно да ја лови оваа риба, со што се намалува нејзиниот природен прираст.
Оттаму посочуваат дека доколку драстично и брзо не се промени свеста кај луѓето и не се преземат конкретни мерки за заштита на рибниот фонд на пастрмката, постои голема опасност таа да исчезне од Охридското Езеро, што ќе има несогледливи последици врз целокупниот екосистем.