Прашањето на јазикот е регулирано со Уставот на Република Макдонија и со позитивните законски прописи, тоа претставува доволна рамка само треба да биде имплементирана, изјави денеска одговарајќи на новинарско прашање генералниот секретар ан СДСМ Оливер Спасовски.
Тој денеска во Скопје го промовираше проектот на партијата „Маалски полицаец“, кој како што истакна, ќе придонесе за зголемување на безбедноста на граќаните. Притоа тој се осврна на сотојбата во полицијата каде, како што посочи, недостига професионализам.
-Мислам дека клучниот проблем во полицијата е тоа што нема професионалност, што премногу е партизирана, и тоа што премногу е криминализирана. Овие три многу важни сегменти мора да ги смениме после 11 декември. И врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ, после 11 декември ќе биде како да ја направиме полицијата сервис на граѓаните и како да биде полиција којашто работи за интересите и потребите на граѓаните на Република Македонија. Прераспоредувања во Министерството мотивирани од политички причини не придонесуваат да се остварни начелото на професионалност во рамки на Министертсвото за внатрешни работи, а ако немате професионалност тогаш ќе трпат сите овие работи. Ќе ни се случуваат и кражби по домовите, ќе ни се случуваат и други девијантни појави, а притоа немаме одговор. Значи, мора да создадеме ефикасна полиција, полиција којашто ќе биде пред се професионалана и којашто ќе знае да ги пресретнува сите предизвици коишто стојат на патот на безбедноста на граѓаните на Република Македонија. – рече Спасовски.
Од друга страна, ВМРО ДПМНЕ преку соопштение уште еднаш ги критикуваше политиките на опозициската СДСМ околу употребата на албанскиот јазик. Оттаму порачаа дека СДСМ нема да успее во намерите да воведе двојазичност на целата територија во Република Македонија.
-ВМРО-ДПМНЕ и народот на Македонија нема да им дозволат да тргуваат со националните интереси. Зијадин Села со уцената „или двојазичност-или две федерални единици во Македонија“ ја откри крајната цел на Зоран Заев, а тоа е ревидирање на сегашното уставно уредување на Република Македонија. Сега му е мајката, Македонија јасно и одлучно да ги отфрли ваквите намери на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Да му докаже дека залудно го испраќа на Косово неговиот функционер Мухамед Зекири. Да му докаже дека залудни се средбите на Зекири со криминалци од Косово кои учествувале во бројни насилни и вооружени инциденти. Изборите во декември ќе бидат референдум во кој народот ќе му потврди на аболицираниот криминалец Зоран Заев дека нема виткање на кичма и нема пазарење со Македонија и националните интереси. – се вели во соопштението.
OhridNews