Владината донација на стока запленета од Царинската управа на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Охрид, според општинската организација мна СДСМ претставува уште едно портокалово мачкање очи. Според СДСМ ниту измената на составот на делегацијата не го променила впечатокот дека акцијата се организира во политички цели.

– Нема смисла да се сликате и за Ваши пропагандни цели да ги користите дури и оние категории луѓе кои буквално ги оставивте и без парче леб. се вели во реакцијата на СДСМ.

Оттаму  ја обвинуваат Владата дека го преполовила бројот на корисниците на социјална помош, како и дека доцни со исплатата на  истата.
   
– Вие не ја зголемувате мизерната социјална помош, со која, после сите овие поскапувања, не може да се купи ниту една вреќа брашно. Зарем имате образ да се сликате со овие луѓе и да ги користите во Вашата валкана кампања која ја започнавте пред да бидат распишани изборите. – се вели во соопштението.

OhridNews