Според најновите податоци и мерења извшени на 10 септември од страна на Управата за хидрометеоролошки работи, водостојот на езерото се наоѓа на 16 сантиметри над нултата кота, што значи дека во последните шест месеци од годината забележано е континуирано опаѓање на нивото на водата од околу 40 сантиметри.
Стручните лица објаснуваат дека опаѓањето на нивото на езерото нема негативно да се одрази врз живиот свет во него затоа што водостојот бележи постепено намалување.