За шест отсто зголемен бројот на туристи во Македонија
11.01.14 15:46
За првите десет месеци од 2013 година, согласно податоците од Државниот завод за статистика, има значително подобрување на целокупната туристичка ситуација во Република Македонија, при што кај вкупниот број туристи бележиме зголемување од 6,11 отсто, а ако се погледне бројот на странски туристи тогаш можеме да констатираме дека имаме зголемување на 15 отсто во однос на истиот период за 2012 година, информира денеска Министерот за економија, Ваљон Сараќини, јавува „Макфакс“.
Ресорниот министер најави и амбициозна програма за туристичка промоција на државата во светот, со која Македонија во 2014 година ќе биде претставена на повеќе од 15 светски саеми.
Како што тој посочи, ќе се организираат и т.н. роуд шоуа само во делот на туризмот, каде ќе има средби со туроператори, туристички агенции и работници во областа на туризмот.
Исто така, на средбите ќе бидат претставени можностите за привлекување туристи и можностите за инвестирање во туристичките развојни зони во Република Македонија.
Како дополнување на заложбите на Општина Охрид за воспоставување на систем за одржливо управување со отпад започнува примарна селекција во Хорека индустријата (хотели, ресторани, кафулиња) во Охрид...
Издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, во соработка со „Поетска ноќ во Велестово“ од Охрид и „Култура Бета“ од Скопје денес во Охрид ќе го реализира осмото издание на проектот „Добри гости“, ...
НУ Библиотека „Григор Прличев“ со Прличевата визита која се одржа вчера достојно му се оддолжи на патронот Настанот со поздравна реч го отвори директорката на Библиотеката Христина Трпеска која пот...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.